X
 10.02.2021 Живот

Подводни фотографии што совршено ги прикажуваат суштествата што живеат во длабочините

Подводните фотографии не се лесен подвиг, особено не кога е темно.

Но, фотографиите што учествуваа на годишниот натпревар „Најдобар подводен фотограф на годината“ успеваат да ги осветлат темните длабочини, откривајќи ги суштествата што живеат таму.
Натпреварот со седиште во Велика Британија ја слави подводната фотографија уште од 1965 година, привлекувајќи фотографи од целиот свет. Постојат 13 категории во натпреварот, вклучувајќи макро, широк агол, портрет, однесување, морска конзервација и фотографија од бродолом, а има и четири специјално посветени на британските води.

Американската фотографка Рене Капоцола ја освои наградата „Подводен фотограф на годината“ за нејзината неверојатна фотографија наречена „Свeтилник на ајкулата“, направена во август 2020 година на островот Моореја, Француска Полинезија.

- Во Француска Полинезија постои силна правна заштита за ајкулите, овозможувајќи им да напредуваат и да го балансираат морскиот екосистем. Поминав неколку вечери во плитките води на зајдисонце, надевајќи се дека ќе успеам да фотографирам нешто уникатно. Бидејќи на многу видови ајкули им се заканува истребување, се надевам дека фотографиите од овие прекрасни животни ќе помогнат во нивното зачувување - вели Капацола.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mashable.com
Фото: UPY 2021
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот