X
 24.09.2018 Живот

Иднината на кралското семејство зависи од неколку фотографии

Тој е идниот крал што никој не го сака.

Идниот монарх, принцот Чарлс, ќе биде во 70-тите години од животот кога ќе го преземе тронот, а до него ќе биде најомразената кралица во поновата историја, Камила.

Експертите предвидуваат промена на монарсите, а анкетите покажуваат дека британската јавност многу повеќе би сакала принцот Вилијам да биде крал отколку принцот Чарлс; всушност, во 2016 година принцот Џорџ имал поголема поддршка од неговиот дедо, принцот Чарлс.

Смртта на принцезата Дијана, неговата поранешна сопруга, пред повеќе од 20 години - и бракот во кој немаше љубов, ја замаглија љубовта на јавноста кон принцот Чарлс.

1
Фото: Getty Images


Неодамнешните објавени биографии за принцот од Велс малку го исчистија неговото име. Авторот Том Бауер пишува за љубоморниот принц Чарлс, додека Сали Бедел Смит внимателно ја нагласува топлината на Чарлс во книгата „Принцот Чарлс: Страстите и парадоксите на неверојатниот живот“, иако во некои моменти признава дека е наивен и огорчен.

И покрај ПР-кризата што со години го демне Чарлс, палатата постојано се обидува да го промени мислењето на британскиот народ за нивниот иден крал.

Според кралскиот експерт Марлен Коениг, постои едноставен начин со кој Чарлс може да се направи да биде попривлечен - да се покаже во најдобро светло.

- Никогаш не го гледаме принцот Чарлс со неговите внуци. Мислам дека јавноста сака да го види во улогата на дедо. Сигурно прават вакви фотографии, но едноставно јавноста не ги гледа - вели Коениг.

Да, постојат официјални фотографии од принцот Чарлс и неговите внуци, но нема слики каде што тој игра со нив. Иако тој стана дедо во 2013 година, ниту една официјална фотографија не покажува дека Чарлс има некаква комуникација со своите внуци. Ова е интересно, со оглед на тоа што биографијата на Бауер раскажува за тоа дека Чарлс се чувствува „изолиран“ од неговите внуци, во однос на нивните баби и дедовци од страна на Кејт.

Сепак, Коениг вели дека и покрај тоа што фотографиите не покажуваат, Чарлс има силна врска со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Всушност, Чарлс рачно изработил нишалки за секое внуче во нивниот дом.

2
Фото: News Corp Australia


- Мислам дека Чарлс би сакал да се објават фотографии каде што се гледа дека тој е близок со внуците, но претпоставувам дека неговиот син Вилијам не сака бидејќи, на крајот на краиштата, тоа се негови деца - вели Коениг.

- Луѓето велат дека Хари е поблизок со Чарлс. Но, сепак, тој му е татко и на Вилијам. Се чини дека тука станува збор за приватноста, бидејќи Вилијам навистина сака да ги држи своите деца подалеку од очите на јавноста - додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот