X
 31.01.2017 Живот

Убавината на бакнежот преточен во фотографии

Бакнежот е универзален начин да се покаже љубов - без оглед каде одите, можете да најдете љубовни парови кои се бакнуваат. Аргентинскиот фотограф Игнасио Лехман го покажува ова во неговиот привлечен проект наречен „100 World Kisses“ кој ги овековечува културно разновидни улични бакнувања насекаде низ светот.

бакнеж

Во изминативе три години тој интензивно патувал низ 12 земји и 20 градови со цел да создаде повеќе од 1.000 фотографии од луѓе насекаде - од метрополите до руралните предели.

Амбициозната серија на фотографии на Лехман вклучува бакнежи од луѓе од сите возрасти, типови на тела, позадини, сексуална ориентација со што тие докажуваат и стојат како сведок за тоа дека љубовта нема граници. Секој пар ги искажува своите чувства во јавноста, живеејќи во свој мал свет и покрај тоа што е опкружен од други луѓе.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот