X
 10.02.2026 Живот

Дали знаевте дека на доделувањето на наградите „Греми“ постојат „пополнувачи на седишта“? Всушност, тоа им е работа

Гламурозните настани, како доделувањето на „Греми“ или „Оскар“ често ангажираат луѓе чија единствена улога е привремено да ги пополнат празните места, за на телевизиските екрани салата секогаш да изгледа полна до последното место.

Улогата на пополнувачот на седиште е прилично едноставна: кога ѕвездата ќе стане да оди во тоалет или да земе пијалак, „пополнувачот на седишта“ го зазема местото и таму останува сè додека ѕвездата не се врати. Целта е чисто естетска - продуцентите сакаат публиката која го гледа преносот од дома да не гледа празни столчиња.

Помалку гламур, повеќе хаос

Иако дружењето со најголемите светски музичари и актери звучи како работа од соништата, реалноста е помалку гламурозна. Една личност која минатиот викенд поминала вечер во иста просторија со Хери Стајлс, Сабрина Карпентер и Џастин и Хејли Бибер го споделила своето искуство на „Редит“, откривајќи дека хаосот настапува за време на паузите за реклама.

- Штом почнат рекламите, луѓето стануваат и се движат насекаде. Апсолутен хаос. Околу 60 секунди пред да се вратат на сцената, преку звучник се објавува дека треба сите да седнат. Тогаш сите брзаат и тука настапуваат пополнувачите на седишта - објаснува личноста додавајќи дека вработените мора да бидат подготвени да станат и да се движат во секој момент. И тоа го доживеал кога привремено седнал на масата наменета за Лејди Гага и нејзината придружба.

Многу строги правила придонесуваат за гламурот на целото искуство. Имено, вработените мора да носат темна облека за да не се истакнуваат, не смеат да разговараат со познатите личности, освен ако тие прво не им се обратат и на самиот влез мора да ги предадат своите мобилни телефони.

Извор: BIZlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот