Герд Гигерензер, директор на Институтот за човечки развој „Макс Планк“, тврди дека интуицијата денес е помалку за знаење на вистинскиот одговор и повеќе за разбирање што е неважно.
Неговата книга „Интелигенцијата на несвесното“ забележува дека авторот е и интуитивен и рационален.
- Во мојата научна работа сум имал претчувства. Не можам секогаш да објаснам зошто мислам дека одреден пат е вистински, но едноставно треба да верувам и да продолжам понатаму. Исто така, имам способност да ги проверам овие претчувства и да откријам за што станува збор. Тоа е научниот дел - вели тој.
- Во приватниот живот се потпирам на инстинкти. На пример, кога првпат ја запознав мојата сопруга, не калкулирав. Ниту таа - додава тој.
Како што вели Герд, некој од неговите читатели го прашал дали интуицијата е дел од интелигенцијата и дали тој што има високо ниво на интуиција може да се нарече интелигентен. Неговиот инстинкт му вели дека одговорот е да, особено кога станува збор за луѓе што се интелектуално љубопитни, ригорозни во потрагата по знаење и подготвени да ги предизвикаат своите претпоставки.
Едноставно кажано, ако сè што правите е седење и верување во интуицијата, нема многу да ја „вежбате“ вашата интуиција. Но, ако „нурнете подлабоко“ и ги проучите различните можности, ќе ги вежбате интелигенцијата и инстинктот кои ќе ви кажуваат што е, а што не е важно.
Во некои аспекти интуицијата може да се смета за јасно разбирање на колективната интелигенција. На пример, повеќето веб-страници денес се организирани на интуитивен начин, за повеќето луѓе да ги разберат. Овој пристап еволуирал од повеќегодишниот хаос на интернет кога се појавила „мудрост“ за да се одделат важните информации од неважните.
Би можело да се каже дека интуицијата е разбирање без употреба на инструкции. Ајнштајн правел разлика помеѓу интуитивниот ум и рационалниот ум, велејќи дека првиот е „света дарба“, а вториот „верен слуга“.
Понекогаш групното размислување или вашата желба да постигнете одреден резултат може да доведе до тоа вашиот рационален ум да оди во погрешна насока. Тогаш може да ве спаси интуицијата. Некое лошо чувство што го имате, без оглед на тоа колку сакате да одите во таа насока.
Паметните луѓе ги слушаат тие чувства, а најпаметните - оние што прават големи
интелектуални скокови - не можат да го направат тоа без моќта на интуицијата.