X
 02.02.2017 Живот

Црниот хумор - одлика на интелигентните

Разбирањето на одредена  шега е мерка за интелигенција со причина – бара брзина на мислата за да се разбере зошто зборовите се ставени во одреден контекст и содржат хумор и бара брзо реагирање.


Сепак, се верува дека ако сакате црн хумор, тогаш уште поверојатно е да сте интелигентна личност. Во нова студија, објавена во списанието „Cognitive Processing“, се истражувало дали интелигенцијата е поврзана со ценењето на црниот хумор. Се покажало дека има поврзаност.

Тим на научници, вклучиле 156 учесници во истражувањето, од кои било побарано да се рангира нивното разбирање и уживање во 12 цртани филмови, кои содржеле црн хумор. Учесниците исто така, пополнувале некои основни тестови за одредување на нивната вербална и невербална интелигенција.

Истражувачите идентификувале три групи на учесници – највисоко ценење на црн хумор било пронајдено кај групата со највисок коефициент на вербална и невербална комуникација.

Хуморот, според експертите, може да биде и некој одбранбен механизам за психолошка повреда – студија која била спроведена на новинари кои биле изложени на трауми, покажала поврзаност со честото користење на црн хумор.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот