X
 10.03.2019 Технологија

Кои се најпаметните градови во светот?

Главниот град на Австрија, Виена, повторно се најде на врвот на Индексот на паметни градови, анализа на „Роналд Бергер“ во која се вклучени 153 града од светот.

Сепак, во просек, азиските метрополи се оние што демонстрираат најневеројатни стратегии за паметен град. Интересно е тоа што 90 отсто од анализираните градови сè уште немаат интегрирана стратегија, а потребно е и понатаму да се работи на имплементацијата.

Растечкото население и зголемените предизвици, како што се сообраќајниот метеж, загадувањето на воздухот и недоволната инфраструктура, ги натераа градовите во светот да се свртат кон дигиталните технологии за да ги решат проблемите. Но, само ако овие решенија се меѓусебно поврзани и усогласени во форма на стратегија за паметен град, тогаш ќе може да се искористи нивниот целосен потенцијал. На пример, стратегијата за е-мобилност секогаш треба да биде интегрирана во интелигентните системи за управување со сообраќајот и да се напојува преку паметни електрични мрежи. Тоа значи дека интегрираната стратегија што е планирана и централно управувана е од клучно значење.

Урбаната мобилност е клучен елемент во стратегијата за паметен град, заедно со здравството, образованието, јавната администрација и ефикасното користење на енергијата.

viena
Фото: Roland Berger


На второ место се најде Лондон, а на трето место канадскиот Св. Алберт.

Во истражувањето беа опфатени само 153 града бидејќи токму тие имале усвоено стратегија за паметен град. Сепак, се покажа дека само осум града имаат силни документи за планирање и реализација на паметно решение.

Главниот адут на Виена е разработената и зрела стратегија за паметен град што се применува низ конкретни проекти. Виена го освои првото место бидејќи ја следи сеопфатната стратегија и има иновативни решенија за мобилност, средина, образование, здравство и управа, како и контрола на напредокот за секој поединечен проект. Посебно се истакнува напредниот систем на електронски здравствен систем.

За конечната оцена, истражувањето анализирало 12 главни критериуми и 31 поткритериум што се однесуваат на темите за населението, инфраструктурата, претприемништвото, образованието итн. Виена освои 74 од 100 можни поени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија