X
 02.02.2018 Технологија

Сега можеме да предвидиме колку ќе ни биде корумпирана владата!

вештачка

Сите би сакале да знаеме дали членовите на владата примаат мито, потпишуваат нелегални договори или проневеруваат даночни пари, нели? Сега ова ќе стане реалност затоа што шпанските истражувачи создадоа компјутерски модел што може да ја открие веројатноста за корупција во владата. Нивниот модел се базира на нервните мрежи на вештачката интелигенција и може да предвиди каде е поверојатна корупцијата врз основа на економските и политичките променливи.

Истражувањето укажува дека корупцијата се чини поверојатна кога една иста партија останува на власт премногу долго време. Други влијанија врз растот на корупцијата се даноците на недвижен имот, претераниот раст на цените за домување, создавањето нови компании и отворањето банкарски филијали.

Истражувањето ја моделирало корупцијата во одредени шпански провинции во период од една, две или три години. Истражувачите ја објавиле својата работа во Истражување за социјални индикатори, но не вклучиле специфични имиња на проучуваните локации за да избегнат контроверзија.

Авторите на истражувањето им доставиле на вештачките невронски мрежи податоци од случаите на корупција во Шпанија помеѓу 2000 и 2012 година, што тие ги дизајнирале за да ги идентификуваат областите на загриженост.

„Употребата на вештачко-интелигентната техника е нова и несекојдневна, како и онаа на базата на податоци за вистинските случаи, со оглед на тоа што сега се користат повеќе или помалку субјективни индекси на перцепција на корупцијата, оцени што ѝ се доделени на секоја земја од страна на ’Транспаренси интернешнал‘ врз основа на анкети спроведени врз бизнисмени и национални аналитичари“, вели Иван Пастор Санз, еден од авторите на истражувањето.

Истражувачите се надеваат дека ќе продолжат со своето истражување и ќе пронајдат начин да го приспособат својот модел на меѓународно ниво.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија