Виена неодамна доби нова библиотека на предмети. Библиотеката функционира како сосема обична библиотека, со тоа што освен книги, можат да се изнајмат и предмети. Така на пример, може да се позјамат очила за виртуелна реалност, инфрацрвени термометри, блутут звучници, играчки за деца, друштвени игри, алати, музички инструменти, спортска опрема и многу други секојдневни предмети.
Оваа библиотека има за цел да промовира одржливост и да ги поттикне граѓаните да размислуваат за циркуларна економија. Чувањето, делењето и повторната употреба на предметите придонесува за зачувување на животната средина и го намалува консумеризмот. Истовремено се штедат пари и ресурси.
Реакцијата на граѓаните за новата библиотека се позитивни.
Предметите можат бесплатно да се позајмат со валидна членска карта, а понудата редовно се проширува.