X
 10.03.2020 Живот

Како Литванија стана европска земја што најмногу рециклира?

Малата земја Литванија прави големи чекори кон создавање циркуларна економија каде што секое шише вода и алуминиумска конзерва туна се рециклираат и се претвораат во идентичен наследник.

За две години Литванците веќе имаат стапка на рециклирање од 74 отсто - повисока од која било европска земја и 44 отсто повисока од просекот на Европската Унија.

Исто така, земјата достигна пресвртница од 91,9 отсто за сите шишиња и конзерви по воведувањето шема за враќање пари за пластика, алуминиум и стакло, а програмата е неверојатно едноставна.

Кога потрошувачот купува производ спакуван во сад што може да се рециклира, плаќа данок од 0,01 евра, а овие пари подоцна му се враќаат откако потрошувачот ќе го врати пакувањето во специјална машина за рециклирање.

Секоја продавница што ќе избере да продава производи чие пакување се рециклира, добива машини за рециклирање каде што ќе можат да се стават пакувањата. Потрошувачите добиваат ваучери што можат да се заменат во продавниците или во вид на пари или кредит кон нивната сметка за купување.

Повратната стапка на пакувањата за пијалаци достигнала 91,9 отсто до крајот на 2017 година.

1
Фото: Screenshot/Youtube

УСАД, литванската непрофитабилна организација што го дизајнира системот, си постави за цел 55 отсто стапка на поврат во 2016 година, но успеа да стигне до неверојатни 74,3 отсто за само една година.

Според платформата на циркуларната економија на ЕУ, 97 отсто од потрошувачите во земјата се задоволни од системот за враќање на депозитите, кој оттогаш успеал да собере над 2 милијарди враќања и 56.000 тони материјал од воведувањето на програмата во 2016 година, фигура со маса еднаква на 6 Ајфелови кули.

- Чувствуваме обврска да се грижиме за нашата земја, општеството и природата. Затоа сакавме да дизајнираме систем за враќање на депозитите кој ќе работи за граѓаните, производителите, увозниците и трговците - вели Саулиус Галадаускас, претседател на УСАД и шеф на литванската асоцијација на пивари.

- Можеме да бидеме горди на нашиот систем за враќање на депозитите, што нè носи поблиску до почиста, поубава и помодерна Литванија - додава тој.

Извор: Goodnewsnetwork.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот