X
 10.03.2024 Живот

На покривот на аеродром во Фиренца ќе се простира лозје од 7,7 хектари

Американското студио „Рафаел вињоли архитектс“ ги претстави плановите за идниот меѓународен терминал на аеродромот во Фиренца, кој ќе биде формиран на необичен начин, како одраз на посветеноста на Италијанците кон винската култура.

Новиот терминал на аеродромот во Фиренца, кој ќе се протега на 50.000 квадратни метри и годишно ќе го користат 5,9 милиони луѓе, ќе опфаќа 7,7 хектари лозови насади.

1

Нема многу детали поврзани со дизајнот на идниот терминал, но на прв поглед може да се види дека неговата примарна карактеристика ќе биде пространиот кос покрив, на кој ќе има 38 реда лозје.

Како што истакнуваат архитектите, дизајнот е почит кон Фиренца како срцето на познатиот вински регион, Тоскана.

2

- Уникатно за дизајнот на новиот терминал е лозјето од 7,7 хектари. Ќе се одгледуваат локални сорти, а виното ќе се произведува и складира под покривот на терминалот - велат од архитектонското студио.

Друг елементи од планот е преориентација на постојната писта на аеродромот во Фиренца, порано позната како „Аеропорто Америко Веспучи“, за 90 степени. Со овој потег пистата ќе биде проширена за подобро да одговара на помодерните авиони.

3

Планот вклучува и подобрување на врските со градот и поширокиот регион, преку мултимодални транспортни опции, вклучително и нов лесен железнички систем.

Изградбата на планираниот нов аеродромски терминал ќе се одвива во две фази, при што се очекува првата фаза да биде завршена до 2026 година, а втората до 2035 година.

4

Извор: Gradnja.rs
Фотографии:  Rafael Viñoly Architects
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот