Британската полиција казнила возач кој бил снимен како управува автомобил со опасно поставен и необезбеден фудбалски гол на покривот.
Полицијата од Хертфордшир, северно од Лондон, објавила снимка од инцидентот на социјалните мрежи и оценила дека возачот си дал „автогол“ со опасниот транспорт на металната конструкција, која не била соодветно обезбедена.
На снимката се гледа како возилото излегува од раскрсница со фудбалскиот гол поставен на покривот, по што полицијата веднаш го запрела возачот. Според полицијата, конструкцијата била очигледно нестабилна и можела да падне.
Во соопштението било нагласено дека возењето со необезбеден товар во Обединетото Кралство е незаконско и се смета за опасно однесување, а во посериозни случаи може да доведе и до затворска казна.
Возачот добил три казнени поени, парична казна од 120 фунти, што е околу 145 евра, како и дополнителен надоместок за жртви во износ од 48 фунти, односно околу 55 евра.
Инцидентот се случил во градот Боремвуд, а возачот подоцна бил изведен пред суд, каде што му била изречена казната.
Извор:
n1info.hr
Фото: Facebook/Screenshot