X
 19.09.2016 Живот

Нешта што сите ги правиме, а се прифатливи само на аеродромите

Поради некоја причина се чини дека штом сте внатре во терминал за заминување на аеродром, секоја мера за нормално социјално однесување излегува преку прозорец и сте фрлени во опстанокот на аеродромот.

Ова се само некои од работите што сите ние ги правиме, но нема да бидат прифатени како нормални надвор од аеродромот.


висока чаша на вино


1. Висока чаша за вино во 9 часот наутро


Предноста на вашиот одмор е што може да ја почитувате традицијата и да се напиете студено точено пиво или вино за појадок во ресторанот од терминалот. Може да се соочите со интервенција реакции од фамилијата, или со еден билет за рехабилитација. Без грижа, одморот исполнет со пиење алкохол може да започне.


спиење на под


2. Спиење на подот



Вие сте уморни, се разбудивте во 4 часот наутро за да стигнете до аеродромот, а сега е 3:30, што значи вие не сте дури ни половина пат, па мислите на дремка било каде и да е.  

Делириумот го направи своето. Имате под, имате еден кревет, имате три столчиња во ред, сте го погодиле џекпотот и не ви е грижа доколку изгледате како бездомник на луѓето околу вас, затоа што сум уморни.


јадење


3. Јадење пред качување во авион




Храната на аеродром е како добивање ќебапи во 3 часот наутро. Кога другпат сте добиле можност да имате панини за 15 долари, кафе од 6 долари или една "здрава" чаша со полномасни јогурт десерти и гранола за пониска цена од 10.50 долари? Сите се туркаат надолу, пред хостесата да ве праша дали сакате пилешки или вегетаријански тестенини.


парфем


 

4. Станување на професионален тестер за парфеми


Том Форд, Гучи, Армани, Шанел Коко, Марк Џејкобсм испрскајте од сите нив на вашата дланка. Не можете да се одлучите. И сега сте опкружени од мноштво неверојатни мириси. Вистинско блаженство.


трунки


5. Посакувавте да бидете дете и да се возите со “Trunki“



Возење на куфер- Генијално. Зошто тие не биле измислени и за возрасни, па да ви биде понуден превоз до капијата за заминување. Особено во ситуација кога сте уморни, а нозете не можете да ги придвижите.


6. Бебешки влажни марамчиња

Не постои ништо повеличествено од бришењето со неколку бебешки марамчиња во тоалетот, откако сте поминале 23 часа во патување, а дознавате дека вашиот лет е одложен. Девојките мора секогаш да бидат во форма. Но освен што освежуваат, не ве остава чувството на свежина уште долго време.


пижами


7. Носењето на пижами како дневна облека во јавност



Беше рано и сте ја спакувале сета убава чиста облека во вашиот куфер. Па ви останале при рака хеланки и пижами. Додадете само марама околу вратот и надевајте се дека никој нема да ве забележи. Имате право да се чувствувате удобно.


подароци


8. Шопинг и купување подароци


Помислете на сите мохита што може да ги имате со две шишиња од ограниченото издание на вотка, што е на распродажба за 7 долари поефтино од нормалната малопродажна цена. И оние огромни чанти на “Twix“, за кои за купени две добивате една гратис, што би биле прекрасни подароци.

Секако и сите оние мали тоалетни води што се толку симпатични. Тоа е како трговски вител, а вие имате многу време шти треба да го “убиете“, па сметајте се за среќни ако излезете од таму живи.
 

9. Монтажни штекери за електрична енергија



Го знаете дечкото од кампување кој е на растојание од 200 метри од вас и ги користи сите штекери за да си го наполни својот лаптоп, “iPad“ и “iPhone“, а вас ви е потребно да го наполните својот смартфон. Немојте да бидите како него.

10. Слушање на детско цимолење и жалење


Исксуството на аеродром нуди толку многу можности за дразнење, што би биле среќни да избегате од ситуацијата без да се развикате некому или да се засрамите од вашиот пасивно агресивен глас.

Нормално овие работи не би ви сметале, но денес водата што сте ја купиле ви е конфискувана, речено ви е дека не може да го земете со себе вашиот лаптоп, дознавате дека сте избрани  за ново безбедносно тестирање, што би било премногу за било кој да се справи оддеднаш.

Па следниот пат кога сте на аеродром запомнете дека не сте на паралелен универзум, туку таму сте за да го дочекате својот лет. Дозволете си да се релаксирате и искористете некои од горенаведените слободи што аеродромот ги нуди. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот