X
 03.12.2018 Живот

Турчин 27 години живее на аеродром

Турчинот Бајрам Тепели веќе 27 години живее на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, но по Нова година ќе мора да го напушти, оти тој ќе престане да функционира и ќе биде заменет од новоизградениот, трет аеродром во овој турски мегалополис.

Приказната на Тепели е слична на онаа на Иранецот, Мехран Карими Насери, кој мина 18 години на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз и беше  инспирација за филмот на Стивен Спилберг од 2004 година – „Терминал” со Том Хенкс.

– Многу сум тажен што го затвораат „Ататурк“. Мене ова ми е дом, многу ќе ми недостасува - истакна Турчинот.

Кога имал 27 години, тој ја напуштил родната Бурса и во Истанбул нашол работа како чистач, па бил испратен на аеродромот. По извесно време, Тепели требало да ја напушти работата, но останал на аеродромот. Благодарение на луѓето, тој никогаш не гладувал и никогаш не бил сам.

Важи за пријателски настроен човек, како меѓу вработените на истанбулскиот аеродром, така и меѓу патниците.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот