X
 10.04.2017 Наука

Медицината дала одговор на филозофско прашање старо 300 години

Ако некое лице е слепо од раѓање, но видот му е вратен, дали тоа лице би можело да ги препознае преку вид предметите кои ги знае преку допир? Ова е Молинеуксовиот проблем и е трн во око за филозофите уште од 1688 година. Модерната медицина можеби го има одговорот.


Фото: Freepik

Во доцните 1600 години, Њутон ги надминал границите и оптиката била во подем, па не ни чудо што Вилијам Молинеукс бил опседнат со пронаоѓање на лек за слепило. За него проблемот бил личен, бидејќи неговата сопруга ослепела заради болест. Му го поставил тоа прашање на Џон Лок, кој сметал дека одговорот е „Не“, бидејќи верувал дека интерпретацијата на сетилните податоци се учи преку искуство, па лице кое знаело што е коцка само преку допир, не би можело да ја препознае коцката доколку ја види. Други филозофи не се сложуваат со ова. Но, недостигал емпириски доказ.

Дефинитивен одговор немало, додека професор од МИТ Паван Синха, ја создал програмата „Project Prakash“, за враќање на видот кај децата во Индија. Преку програмата на пет деца во Индија им бил вратен видот, кои биле родени слепи. По операциите, на децата им биле дадени мали коцки. Било побарано од нив да спојат идентични коцки преку допир, а потоа да спојат идентични коцки преку вид. Се открило дека можеле да ги исполнат и двете задачи – но, наишле на проблем кога од нив било побарано да ги спојат оние што ги знаат преку допир со оние што ги знаат преку вид. Со време, како и да е, нивната способност се подобрувала и почнале да развиваат и други визуелни вештини.

Накратко – Џон Лок бил во право.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука