X
 10.04.2018 Култура

Oбдукција на заринкан кит ја покажа целата беда на човештвото

Еден млад кит што заринкал во Шпанија починал откако голтнал огромно количество ѓубре, објавија локалните власти минатата недела.

Речиси 30 килограми смет – вклучително пластични кеси, јажиња, рибарски мрежи и еден тапан – биле пронајдени во дигестивниот тракт на овој голем цицач.

Китот бил долг 10 метри и бил пронајден на брегот на малото одморалиште Кабо де Палос во Југоисточна Мурсија во февруари, а обдукцијата покажала дека починал затоа што не можел да го свари или да го исфрли ѓубрето од своето тело.

Трагичната смрт на животното ги поттикнала локалните власти во Мурсија, заедно со Европското здружение за заштита на околината (European Environmental Association) и Европскиот фонд за регионален развој (European Fund for Regional Development), да покренат кампања за борба против загадувањето на океаните.

Консуело Росауро од локалната власт истакна дека присуството на пластика во морињата и океаните е една од најголемите закани за зачувување на животинскиот свет.

Експертите предвидуваат дека до 2021 година ќе има околу половина милијарда фрлени пластични шишиња што ќе ги загрозуваат океаните и бреговите, но тој број би можел да се удвои до 2025 година доколку не се преземат сериозни акции.


Фото: Twitter
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура