X
 29.10.2020 Живот

Архитектите откриваат нови фотографии од внатрешноста на музејот „Китот“ во Арктичкиот Круг

Развојот на музејот „Китот“ продолжува. Данската фирма „Дорте Мандруп“ победи на конкурсот за дизајн за музеј за набљудување на китовите во Арктичкиот Круг кон крајот на 2019 година - победувајќи компании како „Биг“ и „Сноета“.

Како што е објаснето по објавувањето минатата година, предлогот на „Дорте Мандруп“ бил избран поради неговиот минимално инвазивен дизајн и нежната форма дефинирана од околниот пејзаж. Иако естетиката на дизајнот е насочена кон оптимални погледи и искуство, зградата ќе има канцеларии, јавно кафуле, продавница за подароци и изложбени простории што поддржуваат искуства засновани на море. Што е најважно, изгледот на фасадата ја зачувува визуелната врска со надворешниот пејзаж, создавајќи речиси лебдечка сензација на закривен систем на покривот.

1

Новите фотографии нудат внатрешен поглед на потенцијалните изложбени простории. Драматичните и минималните слики се одликуваат со минимално украсени експонати.

Локацијата, која се наоѓа на норвешкиот остров Андоја, е позната по своите неверојатни погледи кон морето и близината до патеките на китовите што мигрираат.

2

Беше одлучено дека Анденес (најсеверната населба на Андоја) ќе биде совршено место за „Китот“, така што посетителите ќе можат да ги набљудуваат џиновските морски цицачи. Но, се појавил проблем. Населбата, која датирала од времето на викинзите, била добро позната во Анденес, но понатамошниот развој на градилиштето бил стопиран бидејќи насипот е многу поголем отколку што се очекувало. Областа била заштитена според Законот за културно наследство.

3

На 15 октомври 2020 година оваа одлука била поништена со образложението дека „Китот“ ќе функционира како живо парче историја и ќе игра важна улога во културата и туризмот за островот. Но, поради оваа одлука проектот беше одложен, па новиот датум на отворање е закажан за јуни 2023 година. „Китот“ ќе биде место каде што посетителите ќе го доживеат уникатното искуство на Арктикот, притоа почитувајќи го ова историско место.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: MIR
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот