X
 12.06.2017 Наука

Каде ќе го однесе еволуцијата човештвото?


Илустрација - човечко око
(Фото: Thinkstock)

Се претпоставува дека во иднината луѓето ќе се интегрираат со машините, така што механичките додатоци ќе ни ги засилуваат сетилата, но и здравјето.

Веќе постојат слушни апарати и бионички очи кои им помагаат на слепите лица да гледаат. Не е невозможно оваа технологија да ни помага да ги гледаме нештата што моментно ни се невидливи, како на пример инфрацрвените и рендгенските зраци, или да слушаме звуци кои на дадени фреквенции се нечујни за човечките уши.

Футуристите предвидуваат дека во иднината протетичките помагала нема да ги носат само луѓето со инвалидитет и дека паралелно со промената на нивната надворешност, на луѓето ќе им еволуираат и нивните гени. Со модификувањето на гените ќе стекнеме имунитет на многу болести, а можеби дури ќе го спречиме и процесот на стареење.

Предвидувањата во кои засега е тешко да се поверува и кои се наоѓаат во доменот на шпекулацијата се однесуваат на постигнувањето бесмртност. Една од идеите за остварување на овие стари човекови стремежи е дека човечката свест ќе се пренесе на машините, што би ѝ овозможило постоење и после смртта на телото. Научници во Италија и во Кина се обидуваат да направат трансплантација на глава кај животни за да можат да испитаат дали свеста може да се пренесе од едно на друго тело, а следниот чекор е трансплантација на човечка глава. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука