X
 17.08.2015 Економија

Графикон на едноставен начин го покажува најголемото достигнување на човештвото

Во 19-от век, екстремната сиромаштија (овде е дефинирако како живот со помалку од 1.25 долари дневно) била норма. На пример во 1820 година, 94.4% од луѓето живееле под границата на сиромаштијата. Само мал дел од светот имал стандарди кои донекаде биле подносливи.

 

grafikon


Напредокот на почетокот се одвивал бавно. До 1910 година процентот на луѓе кои живееле под границата на апсолутна сиромаштија паднал на 82.4%, малку повеќе од 12% во текот на 90 години.

Работите се подобриле после Втората светска војна, и 89 години после 1910 година само 28.9% од населението живеело во екстремна сиромаштија. Значи, од 1820 година до 1910 година се случил напредок од само 12%, а од 1910 година до 1999 година се случил напредок од над 53%. Напредокот во 20-от век бил драматично брз откако Кина и Индија започнале со брзиот раст.

Во 2011 година, најскорешната година прикажана на графиконот направен од Vox, стапката на екстремна сиромаштија е намалена за половина во споредба со 1999 година и изнесува 14.4%. Се`уште има многу простор за напредок. 14.4% опфаќа околу 1 милијарда луѓе кои се`уште живеат во екстремна сиромаштија.

Средниот приход на глобално ниво изнесува 3 до 4 долари дневно. Колку за споредба, границата на сиромаштијата во Америка за едно четиричлено семејство е 16.61 долари по лице на ден. Откако ќе се искорени сиромаштијата под 1.25 долари дневно, светот треба да се посвети на намалување на сиромаштијата до 15 долари дневно, што ќе биде значително тешка задача.

Границата од 1.25 долари е земена за граница на екстремна сиромаштија после прилагодувањето на различни трговски сили во различни земји со цел да се земе во предвид фактот дека работите се поевтини во посиромашните земји.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија