X
 21.04.2018 Образование

Ова беше училиште на лош глас, но ја смени програмата, извлече милиони од ЕУ и стана сензација

Училиштето за природни науки „Владимир Прелог“ во Хрватска некогаш било средно хемиско, ниту малку престижно, сѐ додека не дошол тим кој целосно го променил.

Тимот почнал нова програма со акцент на науката, технологијата, инженерингот и математиката (СТЕМ) и праксата. Од фондовите на ЕУ извлекле неколку милиони куни кои ги инвестирале во производствени капацитети и 15 програми на факултативна настава.

Тие дури и отвориле зоолошка градина и вовеле клас во кој децата ги слушале предавањата по СТЕМ-предметите на англиски јазик. Професорите почнале да одат на едукации во странство.

Токму поради сето ова, минатата година за 265 слободни места во прва година им се пријавиле 1.800 ученици.

Приказната за училиштето од кое излегуваат млади луѓе што ќе ја водат Хрватска напред можете да ја прочитате на овој линк.



Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование