X
 23.06.2015 Образование

Maкедонската деветолетка на тест!

Деветгодишното образование, кое Македонија пред исто толку години за првпат го воведе како системска реформа, ќе биде анализирано во сите свои сегменти. Целта е надлежните да видат што се покажува како добра пракса во системот, а што е она што недостига.

 

Евалуацијата на процесот одговорните во образовните институции ја нававија откако ќе заврши цела една генерација деветоодделенци, а годинава токму тоа се случи.

Реформата деветгодишно образование започна во 2006-тта година, кога министер за образование и наука беше Сулејман Рушити. Тогаш, образовни експерти од Словенија доаѓаа во земјава и ги обучлуваа нивните македонски колеги како да ја имплементираат новината.

Децата се преоптоварени со многу часови

Раководството на Синдикатот за образование, наука и култура, уште во 2012-тата година реагираше дека децата се преоптоварени со часови, што е резултат токму на деветгодишното образование. Тие констатирале дека децата на возраст од 9 и 10 години немаат концентрација да ја следат наставата после третиот час. Тие бараа да се намали бројот на часови.

 

-Учениците во трето и во четврто одделение имаат по шест часа три пати во неделата. Часовите ќе бидат поефективни ако нивниот број се намали – бараше тогаш првиот синдикалец, Јаким Неделков.

Пред две години во соседна Србија се изгласаа законски измени според кои, српските ученици од петто до осмо одделение ќе имаат до пет часа во еден работен ден, со што децата се растеретија за 20 отсто часови. Нивните мнакедонски врсници, пак, согласно концепцијата за деветгодишно образование, имаат 21 час неделно во прво одделение, 22 во второ, 23 часа неделно имаат третоодделенците, 24 – четвртоодделенците, петтоодделенците имаат 25 часа, во шесто има 26 часа, а во седмо, одмо и во деветто одделение по 31 час во неделата.

И во Европа се оди на училиште со полни пет или шест години

Во повеќето европски и други развиени држави во задолжителното образование децата се вклучуваат на возраст од пет или шест години, додека во Северна Ирска, Луксембург, Норвешка, Холандија, Англија и во некои други земји и со навршени пет или четири години.

Во Република Македонија, како што пишува во анализата на Концепцијата за деветгодишно образование, од учебната 2005/06 година, во основното училиште во подготвителната година се запишуваа сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години. Всушност, основното образование заедно со подготвителната година трае девет години.

Во развиените држави внатрешната организација на задолжителното образование е различна во зависност од целокупната структура на училишните системи, вклучувајќи ги предучилишното воспитание, основното образование, како и нижото средно и вишото средно образование. Така, на пример, во Белгија основното образование што започнува на шестгодишна возраст, трае шест години, а расчленето е на три периоди (секој од нив трае две години). По основното образование следи уште еден период на задолжително образование што трае три години.
Подготвил: факултети.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование