Кратката комедија на режисерот Георги Унковски „Налепница“ („Sticker“) освои шест награди на првото издание на Фестивалот на краткометражен филм Апулија филм фестивал во Италија.
„Налепница“ ги освои наградите: најдобар филм, најдобра режија, сценарио (Георги Унковски), најдобар актер (Сашко Коцев), монтажа (Мартин Иванов), како и наградата од публиката.
Филмот на Унковски беше во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет. Досега има учествувано на повеќе фестивали, меѓу кои и на престижниот „Санденс“ во САД. Има освоено неколку меѓународни награди.
„Налепница“ имаше премиера во 2019 година.