X
 10.04.2020 Образование

Студенти држат онлајн-часови за учениците во САД

Факултетите и училиштата низ светот се затвораат за да се намали ширењето на коронавирусот. Родителите се оние што треба да им помагаат на своите деца со учењето и да ги водат низ материјалите.

„Гоупир“ е компанија чија цел е да им помогне на родителите. Компанијата има платформа која спојува деца на возраст од 5 до 18 години со студенти од „Харвард“ и други престижни универзитети. За услугата се наплаќа од 25 до 35 долари за час, а два часа се бесплатни.


Фото: Pixabay

Компанијата вработува студенти од најдобрите универзитети во САД. Се примаат само 5% од кандидатите, а примените студенти предаваат предмети во кои се стручни.

Компанијата забележала пораст во корисниците откако училиштата беа затворени низ земјата. За време на едно деноноќие изминатиот месец платформата ја посетиле 200.000 луѓе, изјавил извршниот директор Итан Бајндер.


Фото: Pixabay

Бајндер вели дека се надева дека платформата може да им помогне на родителите да го намалат стресот предизвикан од пандемијата.

- Никој не треба да се плаши или срами да крене рака и да побара помош - изјавил Бајндер.

Автор: Емили Кавано
Извор: insider.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование