Студенти што се сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“, заедно со вработените, направија десетина куќарки за кучињата што живеат во дворот.
Тие нè информираа дека во дворот на домот живеат кучиња кои редовно ги хранат, но биле загрижени како ќе ги преживеат студените денови, па решиле да им направат куќички. Сами собраа материјали и ги направија, а акцијата траеше неколку дена.
Фото: Фејсбук
- Кучињата што се дел од студентскиот дом „Стив Наумов“ си добија топол дом. Деновите со ниски температури ќе можат да ги поминат во куќарките кои беа направени од студентите и вработените во студентскиот дом. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат непосредно до куќарките. Благодарност до сите што помогнаа оваа акција да се реализира успешно - напишаа на фејсбук-групата на домот.