X
 05.01.2019 Живот

Што истражувавме неделава: Дури 83,7 отсто би се отселиле од земјава, Македонката Ивона Василеска – најдобра студентка на атомска и нуклеарна физика во Русија

Кои се новогодишните желби на македонските студенти, колкумина би ја напуштиле Македонија доколку би имале шанса, која е Ивона Василеска, најдобриот првенец на нуклеарна физика во Русија... ова беа дел од содржините што ви ги понудивме изминатата недела

Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. До овие резултати стигнавме благодарение на анкетата на тема „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“ што Факултети.мк ја објави пред две недели. На прашалникот анонимно одговорија 1.474 читатели.
На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија.


Разговаравме со пливачот Марко Блажевски, кој живее во САД, но се натпреварува под македонското знаме. Тој е државен рекордер во 100 метри градно на 50-метарски базен.
На прашањето како се чувствува по постигнувањето на новиот рекорд, Марко вели:
- Чувството беше одлично. Многу добро се чувствував цела недела пред натпреварот и знаев дека ќе постигнам добар резултат. Како поминуваат годините, лични рекорди и државни рекорди сè потешко се остваруваат, така што многу сум среќен со новиот рекорд.

Марко Блажевски

На наша голема радост со читателите ја споделивме приказната за Ивона Василеска, родум од Прилеп, образована во средно школо во Струга, а стана првенец на генерација на нуклеарната физика во Русија.
- Искрено, нашето образование не е за потценување, имаме многу научни кадри што навистина вредат, но за жал заминуваат во странство каде што повеќе се ценети. Македонија создава кадри, но нема начин како да ги задржи. Условите што се нудат во Македонија, за жал, се катастрофални и затоа научниците се одлучуваат за некоја европска држава каде што ќе бидат повеќе ценети и нормално платени. За жал, се вложува во нешто непродуктивно, а во науката малку - вели Василеска.

Ивона Василеска

„Намалување на трошоците во секој поглед - партиципацијата за додипломски и посебно за последипломски студии е превисока, како и цените на книгите, укинување на бесмислени давачки како ИИКСА и уплата од 100 денари за секоја потврда за редовен студент. Третманот кон студентите да биде хуман, професорите да бидат пред сè наши пријатели, па потоа наши ментори, да нè насочат, поддржуваат и мотивираат на нашиот пат кон подобра иднина. Факултетот да биде место каде што ќе сакаме да одиме, а студентскиот дом - место каде што ќе сакаме да живееме“ - ова се дел од студентските желби на нашите студенти за 2019 година.


Им дадовме совети на нашите читатели на што да внимаваат за време на празниците и како да јадат и да пијат, а да не завршат во болница.
Пиењето алкохол на гладен стомак е опасно, а секако многу опасни се и големите количества алкохол.
- Кога се пие, треба да се мези и во никој случај не треба да се претерува. Храната треба да е со помалку заситени масти, што значи помалку храна од животинско потекло - потенцира д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.
Проблеми што може да се појават од претерување се: лошење, гастритис, повраќањe...

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот