Во неговата книга „Education and experience“, Џон Дуи зборува за дихотомијата меѓу традиционалните и прогресивните форми на образование велејќи дека ваквата дихотомија ги поларизира дискусиите околу образовните прашања.
Дуи се залага за модели базирани на искуството и на предностите и недостатоците на двата модели за формирање на холистички концепт за тоа како треба да биде образованието центрирано на студентот. Она коешто денес се смета за учење на 21-от век, Дуи го теоризира во неговото дело уште пред еден век.