Постојат одредени мистерии со однесувањето на човекот кои науката до ден денес не може да ги објасни. Иако научниците го поделија атомот, се спуштија на Месечината и ја открија ДНК, сепак постојат некои мистерии поврзани со човековото однесување кое се`уште не можат целосно да го објаснат.
10. Срамежливост
Срамежливост е чувството на страв, недостаток на удобност или непријатност. Кога на една личност и` се приближуваат или е во близина, или пак се приближува кон други луѓе, особено во нови ситуации или со непознати луѓе, често пати е срамежлив и има трема. Срамежливоста може да е генетска карактеристика, а влијание има и животната средина во која тие живеат како и личните искуства.
9. Уметност
Цртање, танц, скулптура и музика може да се човечкиот еквивалент на опашката на паунот со што тие покажуваат колку голем потенцијал може да имаат. Сепак, исто така може да е алатка за ширење на знаењето или споделување на искуство.
8. Адолесценција
Адолесценцијата е продната фаза на физичкиот и психолошкиот развој на човекот која обично се случува во текот на пубертетот до полнолетството. Ниту едно друго животно не е подложено на тие незгодни и тешки тинејџерски години. Некои научници сметаат дека тоа му помага на мозокот да се реорганизира пред зрелоста и му овозможува да експериментира во однесувањето пред да го „удрат“ зрелите години.
7. Чепкање на носот
Еден од четири тинејџери ја имаат оваа навика, и тоа го прават во просек четири до пет пати на ден, велат истражувањата. Оваа непријатна навика нема никаква корист кај човекот. Па затоа, се поставува прашањето зошто ова го прават луѓето? Некои научници велат дека на тој начин се зголемува имунолошкиот систем.
6. Суеверие
Суеверие е погрдна форма за верување во натприродни случувања. Така астрологијата, лошиот предзнак, гатањето стојат спротивно на природната наука. Меѓутоа, оваа необична но смирувачка навика нема никаква еволутивна полза кај човекот.
5. Алтруизам или несебичност
Правењето добри дела е дел од човечката природа. Едноставно не можете да одлучите да не го правите тоа. Алтруизмот или несебичноста е принцип или пракса или пак загриженост за доброто на другите. Тоа е традиционална доблест во многу култури и централен аспект на различните верски традиции.
4. Бакнување
Бакнување е чинот на притискање на една уста на друга или на предмет. Културните конотации на бакнувањето варираат во голема мера. Во зависност од културата и контекстот, бакнежите можат да изразат чувство на љубов, страст, почит, поздрав, пријателство, мир и среќа и други работи.
Постојат теории дека бакнувањето е поврзано со сеќавањата на доењето и дека античките луѓе ги одбивале децата од доење ставајќи храна во својата уста, со што ја засилувале врската со плунката и задоволството.
3. Смеа
Смеата е ненамерна реакција на одредени надворешни или внатрешни стимули. Смеата може да биде предизвикана од активности како скокотање или пак хумористични шеги или мисли. Се смета дека е визуелен израз на голем број позитивни емоционални состојби како што се радоста, среќата, итн. Во некои ситуации таа може да биде предизвикана од спротивни емоционални состојби како срам, извинување, конфузија или учтивост.
2. Вцрвенување
Уникатна човечка особина. Вцрвенувањето е присилно црвенило на лицето на еден човек поради срам или емоционален стрес. Се смета дека вцрвенувањето е резултат на хиперактивниот нервен систем.
Чарлс Дарвин се борел за да објасни зошто еволуцијата не` натера да се вцрвенуваме кога лажеме, со што другите луѓе се предупредени. Ова го нарекува најчовечки израз од сите изрази.
1. Сонување
Сонувањето е искуство од предвидени слики, звуци или други чувства во текот на спиењето. Соништата ни помагаат да ги процесираме и консолидираме емоциите без наплив на хормони на стрес, кои ги придружуваат реалните искуства. Исто така, сонувањето ја подобрува меморијата и решавањето на проблемите. Научниците откриваат дека човек може да сонува дури и надвор од РЕМ спиењето.