Што има во внатрешноста на најдлабоката дупка на светот?

Што има во внатрешноста на најдлабоката дупка на светот?

Подготвил: Маја Пероска

Во 1970 година, научниците од Советскиот сојуз започнале со копање на локацијата „Kola Superdeep Borehole“ во Мурманск, Русија. Целта им била да дознаат повеќе информации за Земјината кора, а и сакале да ги надминат американските научници кои го напуштиле проектот „Project Mohole“ во 1966.

По две години копање, дупката имала длабочина од 12.262 метри. Дијаметарот на самото дно е околу 20 центиметри. Ова е уште најдлабоката дупка во светот, а процесот на дупчење бил исклучително тежок.

Што научниците пронашле на дното на дупката? Прво, имало многу вода , потоа пронашле фосили на длабочина од 6700 метри, а и било неверојатно многу топло повеќе од 175 степени Целзиусови. Сепак, дупката е на огромна далечина од центарот на Земјата, односно само 0.2 проценти од целокупниот простор до самиот центар.

Во следното видео може да дознаете повеќе за проектот и откритијата.