X
 13.09.2016 Наука

Научниците предупредуваат: "Ја губиме битката против климатските промени!"

промени

 

Третата светска војна е во тек. И ја губиме“ - вака пишува еколошкиот активист, автор и новинар Бил МекКибен во неодамнешната статија за „The New Republic“. Ова е војна помеѓу луѓето и брзото менување на климата. Неговата проценка започнува со преглед на неодамнешните катастрофи предизвикани од климатските промени.


„На Северот ова лето, во тек е катастрофална офанзива. Непријателските сили запленија огромни делови од територијата;  со секоја измината недела, постојано се губи арктичкиот мраз. Експертите пратени на полето во јули беа сведоци на мала надеж, особено со оглед на тоа што оваа опсада е една од најстарите фронтови во војната. Во 30 години, областа се намали приближно за половина. Не постои ништо што би можело да го запре ова“, пишува тонј.

Ден по ден, недела по недела, како резултат на саботажата, започнува серија на брилијантни и огромни напади. Само во изминатите неколку месеци, нашите непријатели искористија огнена стихија со која предизвикаа евакуација на 90.000 жители во град во Канада, додека сушата ги уништи посевите.

Промените на климата го зголемуваат ризикот од идните проблеми и произведуваат динамичен сет на катастрофални последици: драматични промени во глобалните пејзажи, масовно изумирање, опасни временски настани, недостаток на храна... Фреквенцијата и обемот на овие закани се зголемуваат секоја година. На пример, промените во глобалните температури кулминираа со најнизок износ на арктичкиот мраз досега, регистриран во месец јуни.

Со новите катастрофи кои ги рушат последните рекорди, изгледите на човековите и не-човековите заедници на земјата изгледаат прилично мрачно. Опасностите се високи, а според МекКибен моментално води во војната. „Чекавме толку долго за да вратиме со нападот во оваа војна што е невозможна победа, такашто не може да се отфрли поразот“, вели тој.

Со оглед на тоа што веќе страдаме од климатските промени во форма на суша, глад и слично, тешко е да се негира оваа изјава на МекКибен.

„Четири години по ред, Америка се фокусира на една цел, со исклучок на било која друга загриженост: победа на глобалната закана од Германија, Италија и Јапонија. За разлика од Адолф Хитлер, последната сила претставува закана за цивилизацијата, а нашиот непријател денес не е ниту свесен ниту злобе. Но, пред почетокот на Втората светска војна, светските лидери ја направија истата грешка која ја правиме ние денес - тие прво се обидоа да го игнорираат непријателот, а потоа да го смират“, пишува МекКибен.

Втората светска војна, како војната со климата вклучува длабоки закани кои првично се соочија со рамнодушност. Со сегашниот пораст на еколошки катастрофи, МекКибен се надева дека поединците и владите можат да направат слична промена од апатија до целосна посветеност за надминување на опасностите од климатските промени. „Ако нацистите беа оние кои се закануваат на уништувањето денес, Америка и нејзините сојузници веќе ќе мобилизираа тотална војна“, вели МекКибен.

МекКибен не е првиот писател кој го користи јазикот на милитаризмот за да ја опише климатската криза. Политичкиот писател Дејвид Робертс пишува за соодветен пристап кон климатските промени.

Во јули, Демократската партија издаде платформа која повика на национална мобилизација слична на онаа во Втората светска војна, со цел да се спаси цивилизацијата од катастрофални последици од глобалната климатска итност. Всушност, преговарачите на Хилари Клинтон се согласија на плановите за итен самит во првите сто дена од следната администрација, каде претседателот ќе ги свика најдобрите инженери, климатски научници, политички експерти и активисти во светот, за да ја решат кризата со климата“.

Сепак, МекКибен верува дека се'уште постои надеж ако за брзо време се преземат стабилни активности.

Војната против климатските промени може се чини повеќе апстрактна или економски несигурна отколку онаа против фашистички диктатор, меѓутоа МекКибен вели дека не е ниту едното ни ту другото. Најпрво, етиката на борбата против климатските промени е многу јасна, без неразумен акт на насилство кон луѓето типично за војната. Исто така, полноправната посветеност на прашањата поврзани со климатските промени стои само да ја зајакне економијата. Кога станува збор за економски, социјални и хуманитарни придобивки од климатските промени, МекКибен изложува ветувачка визија:

Ќе спаси животи. Ќе произведе доста работни места. И оваа војна ќе биде социјално трансформативна. Победувањето на војната против климатските промени нема да ѝ наштети на економијата туку ќе ги подобри социо-економските, половите и расните прашања“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука