Фото: Pixabay
Бременоста е едно од најфасцинантните нешта од она што човек може да го понуди, но исто така може да биде и прилично чуден феномен. Еден ваков момент имала една жена од Калифорнија која останала бремена додека веќе била бремена. Имено, таа родила „близнаци“, кои не биле зачнати во исто време и биле генетски различни еден со друг.
Џесика Ален била сурогат-мајка за една кинеска двојка. Родителите ѝ платиле на Ален 30.000 долари за ИВФ-третман и ѝ бил имплантиран ембрион.
„Ниту една жена во светот не треба да го живее својот живот без да ја доживее љубовта помеѓу мајка и дете“, изјави Ален.
За време на рутински преглед, по шестата недела од бременоста, лекарите забележале дека постои уште еден фетус. Првично Ален и нејзиниот сопруг мислеле дека станува збор за близнаци за кинескиот пар.
„Докторот почна да го движи ултразвукот и рече: 'Дефинитивно гледам и друго бебе'. Шансата за поделба на ембрионот е многу мала, но се случува. Бев навистина изненадена“.
Ален мислела дека станува збор за близнаци до моментот кога бебињата излегле од матката. Никогаш не ѝ била дадена шанса лично да ги види бебињата, но знаела дека постои разлика.
„Забележав дека едното е посветло од другото. Очигледно беше дека не се идентични близнаци“, вели таа.
Ален постојано имала чувство дека нешто не е како што треба, меѓутоа, не можела да открие зошто. Неколку месеци подоцна таа открила дека второто бебе не е близнак, туку нејзино биолошко дете. Ова предизвикало 10-месечна битка за враќање на нејзиниот син во нејзиниот живот.
Како се случило ова?
Генералното правило за бременост вели дека жената не може да забремени кога веќе еднаш е бремена. Сепак, она што ѝ се случило на Ален ретко се случува во светот на цицачите. Суперфетација е кога два потомци се развиваат во мајката во различни фази на развој.
Звучи како неверојатен висок ризик, но истражувачите велат дека всушност е ист ризикот како кога мајката носи близнаци. Најголем ризик е второто дете да биде прерано родено пред неговите бели дробови да можат целосно да се развијат.
Другите цицачи претходно покажале вакво
однесување, вклучувајќи и стаорци, кенгури, па дури и други примати.