X
 10.05.2019 Наука

И на Сонцето врне

Навикнати сме на дожд и на кружењето на водата овде на Земјата, но што е со Сонцето? Можеби не сте знаеле, но и таму врне. Но, нормално, тоа не е дожд од вода, туку дожд од суперзагреан гас. А како функционира тоа?

Сонцето е топка од водород и хелиум која постојано ги спојува елементите, создавајќи топлина што нè одржува во живот. Сонцето исто така е жариште на магнетна активност и повремен исфрла реки од наелектризирани честички, кои, ако Земјата се најде на патот, може да предизвикаат поларни светлини во високата атмосфера.

Тоа е дел од она како функционира „дождот“ на Сонцето. Елементите што го сочинуваат Сонцето претежно се во форма на плазма, наелектризиран гас. Плазмата има тенденција да тече по должината на магнетни јамки, кои одненадеж се појавуваат на површината на Сонцето, и повторно да се врати назад.

Движењето на плазмата нагоре и надвор од Сонцето е слично како возење на ролеркостер. На „врвот“ од јамката (врвот на ролеркостерот) плазмата е најладна бидејќи е најдалеку од Сонцето. На таа висина дел од плазмата се лади и паѓа назад на Сонцето како дожд - слично како дождот на нашата планета.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука