X
 22.04.2016 Живот

Децата поминуваат помалку време надвор од затворениците

Истражувањето било спроведено кај 12.000 родители во десет земји во светот и покажало дека една третина од децата (на возраст од 5 до 12 години) поминуваат помалку од 30 минути надвор секој ден. Колку време надвор поминува вашето дете? Дали ви е важно секој ден да трча на трева, да игра во песок или ви е полесно да му дадете в раце таблет или телефон за да можете да дремнете по напорниот работен ден?





Најозлогласените криминалци и осудениците на доживотен затвор дневно минуваат повеќе време надвор од децата. Додека на затворениците во најдобро обезбедените затвори во САД секој ден им се загарантирани најмалку два часа да поминуваат надвор, половина од децата во светот надвор се помалку од еден час, пренесува „TreeHuger.com“. Истражувањето било спроведено кај 12.000 родители во десет земји во светот и покажало дека една третина од децата (на возраст од 5 до 12 години) поминуваат помалку од 30 минути надвор секој ден. Истражувањето го финансирале брендовите за детегергенти за перење алишта ОМО и „Персил“, инспирирани од новата маркетиншка кампања „Почвата е добра – ослободете ги децата“.

Во рамките на истражувањето земени се изјави од затвореници во затвор во Индијана. Тие велат дека светлата точка на денот им е кога ќе излезат надвор. „Сите проблеми и фрустрации ги оставам таму“, вели еден затвореник. Друг вели дека времето поминато надвор му го „одржува умот смирен“.

Колку време надвор поминува вашето дете? Дали ви е важно секој ден да трча на трева, да игра во песок или ви е полесно да му дадете в раце таблет или телефон за да можете да дремнете по напорниот работен ден?

Голем пораз за модерните родител

С.Ѓ. живее во Скопје и е мајка на три деца – две девојчиња на возарст од 6 и 3 години и на тримесечно синче. Вели дека кога ја прочитала споредбата од истражувањето, уште еднаш реалноста и се исправила пред лице.

- Навистина е силен и поразителен фактот дека затвореник поминува повеќе време на воздух отколку дете. Тоа е голем пораз за модерните родители. Треба да си ставиме прст на чело. Сите толку брзоплето се трудиме да избегаме од природата, а сме нејзин неминовен дел. Треба само да се потсетиме и да и се вратиме. Се трудиме да ги носиме децата на излети, дури и во двор кога играат си имаме игра што ја викаме пикник - постиламе ќебенце, смоки, сок, благо и децата се пресреќни. Не се оди на излет само на 1. Мај и на 2. Аавгуст. За среќа, живееме блиску до Скопска Црна Гора и често ја посетуваме, иако, признавам, дека би можеле и уште почесто. На пикниците на ливада носиме ластик, јаже, вреќи за скокање и децата ги запознаваме со игрите со кои некогаш и ние растевме. Сфатив дека ако се потрудиме, можеме да им го доближиме барем малку и нашето детство. И лесно забораваат и на телефони и на компјутери – вели таа.



Младата мајка додава дека се труди децата да бидат надвор што е можно повеќе. Единствено избегнува кога има дожд или силен и ладен ветер.

- Дури и зиме, ги изнесувам надвор, добро облечени. Сега, откако се стопли, штом си дојдат од училиште/градинка, од 15 часот до 19 часот се надвор, со извесни паузи за ручек или слично. Ја користиме благодетта што живееме во куќа. Двете си играат заедно надвор, без да морам јас да правам нешто посебно или да ги носам во парк. Гако го посетуваме и маалското детско игралиште. Кога е времето добро и знам дека воопшто не биле надвор во училиште или градинка, избирам да ги однесам надвор. Доколку сум многу уморна, ќе си поиграат и сами, знам да им дадам идеја, но и самите се инспирираат. Многу често, за да им биде позабавно им канам другар(к)и од маало, па така забавата е поинтересна. Компјутерот го добиваат дозирано, како награда за нешто добро направено, и тоа приквечер, кога веќе се исцрпени, а и мене ми треба оддишка. Но, се трудам, времето поминато на компјутер да биде разумно, не повеќе од половина час – вели С.Ѓ.

Сончевата светлина е најдобра за коските

Кога на затворениците во Индијана им го поставија прашањето како би се чувствувале ако времето што го поминуваат надвор им се скрати на еден час дневно, тие возбудено одговараат дека тоа ќе предивика поголем гнев и револт. Еден дури одговори дека тоа за него би било измачување. Чувар во затворот вели дека тоа би била „потенцијална катастрофа“.

Затворениците се шокирани од податокот дека децата поминуваат помалку од еден час надвор секој ден. Еден од нив вели дека ова сознание е „депримирачко“. Друг вели дека доколку би му била дозволена една желба, тоа би било да го однесе своето дете во парк.

Друго истражување покажало дека едно од девет деца не стапнало во парк, шума, на плажа или во природа цели 12 месеци. „Хафингтон пост“ неодамна објави дека децата денес поминуваат само половина половина од времето кое нивните родители го поминувале надвор, а ние произведуваме „несоцијализирана, без фантазија, неактивна генерација“. Само половина од децата изградиле песочен замок на плажа или биле на пикник подалеку од дворот, а повеќе од една третина никогаш не си играле со кал. Околу половина од децата повеќе време поминуваат пред екран отколку да си играат надвор со другарчињата. „Освен што не се социјализирании и неактивни, нашата култура на непоминување време надвор создава деца кои се физички и ментално болни“, пренесува „Хафингтон пост“.

- Кога минуваме време надвор ние сме физички активни, така имаме помалку шанси да станеме дебели. Кога сонцето ќе ни ја допре кожата, ни се создава витамин Д, која помага во многу здравствени аспекти. Многу научни истражувања покажаа дека времето што го поминуваме надвор ги намалува срцевите заболувања, остеопорозата, мултиплекс склерозата и некои видови карциноми. Деца кои имаат проблем со хиперакивност подобро се фокусираат кога минуваат време надвор. И природата предизвикува подобро расположение, помал стрес и анксиозност - пренесува „Хафингтон пост“.

Познат ортопед од Скопје вели:

- Витаминот Д не може да се апсорбира само кога сончевите зраци минуваат низ стакло. Затоа, ако сакате да го сончате бебето од дома, отворете го прозорецот. Сончевата светлина е најдобра за зацврснување на коските. Не мора да бидете изложени директно на сонце, зраците си го прават своето и кога сте под сенка и кога е надвор облачно и кога врне дожд и кога вее снег. Единствено внимавајте да биде адекватно облечено за да не настине – вели тој.
Подготвил: В.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот