X
 08.08.2016 Наука

"Дождовна бомба" - феноменот кој предизвика поплава и жртви

Научни докази покажуваат дека небото се заканува со дождовни бомби - и во голема мера поради наша вина.

 

mikro


Научниците предупредуваат на феномен познат како „дождовна бомба“. Феноменот е познат во метеоролошките кругови како „водена микро-експлозија“ и се случува ретко, а за да се случи мора да постојат соодветни услови. Воздухот под облакот од бурата се изладува, со што е погуст од воздухот околу него. Поладниот воздух започнува да се претвора во потопол воздух, а потоа се забрзува. Скршнува од земјата и го турка ветрот кој има сила слична како торнадото.

Што претставува водената микро-експлозија?

Водената микро-експлозија е изненаден излив на ветрот од базата на грмотевици. Воздухот може да забрза кон земјата со брзина од 110 километри на час пред да удри во површината и да се рашири во сите правци. Ветровите често надминуваат 170 километри на час при најсилните микро-експлозии и често предизвикуваат огромни штети.

Како што самото име кажува, тие имаат тенденција да влијаат на мал простор, не поголем од неколку квадратни километри. Големата штета од овие "експлозии" може да ги збуни жителите и да мислат дека станува збор за торнадо. Постојат два видови на микро-експлозии: суви и водени микро-експлозии.



Научниците сега ја сфаќаат целата „механика“ околу временските услови како дождот, бомбите, торнадата и невремињата со грмотевици. Во последните неколку години се забележуваат и скромни подобрувања во проекциите за тоа како овие бури може да се однесуваат при промена на атмосферата, регион по регион.

„Истражувањата покажуваат дека дождот не е толку чест, но е поинтензивен токму поради климатските промени.

Она што е познато помеѓу климатолозите е дека бурите ќе продолжат да се интензивираат. Постои сомневање дека атмосферата „гради“ светски арсенал од „дождовни бомби“.




И не се зголемува само износот на дождот туку и износот на екстремни дождови - насекаде низ Земјата. Во 2010 година беа забележани 88% повеќе срушени рекорди отколку што би се случиле при стабилна клима, според истражувањата од германските научници. Од 1981 до 2010 година, имало 12% повеќе рекордни бури во светот, отколку што би имало без влијанието на човекот.

„Ова значи дека во последните 30 години, околу еден од десет рекордни настани немаше да се случат без климатските промени“, пишуваат научниците.

Тие не можат да кажат каде би се случила следната дождовна бомба. Се'уште не знаат и каде ќе удри гром - меѓутоа од широкиот опсег на истражувања, јасно е дека човечката активност ја вооружи атмосферата. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука