НЛБ Банка воведе нова верзија со нови функционалности на НЛБ мКлик мобилното банкарство, како и нова платформа на НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица, со што ја продолжува репутацијата на банка предвесник во дигитализацијата на банкарството во нашата земја
Новите верзии на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство се со нов, модерен и интуитивен дизајн, а како една од најзначајните новини е можноста за извршување на платниот промет со странство. Со тоа НЛБ Банка оди чекор понапред кон задоволување на корисничките потреби и реализирање на сите банкарски трансакции на едно место.
Во продолжение се дел од новите функционалности на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство:
• Вршење на девизен платен промет (плаќање на налози и распределба на девизни приливи)
• Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик
• Можност за брзо креирање, снимање, потпишување и препраќање на налози
• Поголема безбедност при плаќање со дополнителна автентикација со ПИН или со отпечаток од прстприплаќањенаналози преку мобилно банкарство
• Нотификација за прилив од странство преку мобилно банкарство
• Можност за активација и деактивација на мобилно банкарство директно преку електронско банкарство
• Можност за финансиска анализа на потрошувачката преку електронско банкарство
Новата верзија на НЛБ мКлик апликацијата веќе е достапна на Google Play и Apple store.
Повеќе информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на
www.nlb.mk.
(комерцијална објава)