X
 17.10.2018 Економија

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните научнофантастични филмови во детството полека станува реалност во секојдневието. Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник.

На тој план интересно е да се наведат неколку факти:

• Најновите статистики покажуваат дека во 2019 година бројот на корисници на мобилни телефони ќе достигне 4,68 милијарди.
    
• При едно неодамнешно истражување направено од Американското банкарско здружение за навиките на генерацијата милениумци (родени во периодот од 1981 до 1996 година), 77% изјавиле дека нивниот мобилен телефон е во секое време со нив.
    
• 23% од милениумците во ова истражување одговориле дека пресудно при изборот на банка е таа да има мобилни сервиси, како основно средство за комуникација со банката.

• Кај милениумците е двапати поверојатно да го изгубат паричникот, споредено со претходната генерација и 3 пати поверојатно споредбено со генерацијата Х (родени во периодот од 1965 до 1980 година).
    
• Просечно 2,5 дена годишно поминуваме барајќи изгубени предмети, а во 20% од случаите тоа е паричникот.
    
• 35% од мажите не признаваат кога ќе изгубат нешто, обвинувајќи некој друг, најчесто сопругата. Истото е случај и кај 30% од жените.
    
• Во една чанта има сѐ освен ред, а паричникот е секогаш на дното кога ни треба.

Инспириран од овие факти, тимот на НЛБ го воведе NLB Pay - Мобилниот паричник, кој во вистинска смисла на зборот го интегрира вашиот паричник во рамките на мобилниот телефон, кој прерасна во најкорисната алатка на современото живеење.

NLB Pay е мобилна апликација која овозможува брзо, едноставно и сигурно бесконтактно плаќање со мобилен телефон насекаде, во земјата и во странство. Оваа апликација целосно може да го замени вистинскиот паричник, кој повеќе нема да биде неопходен во секој момент. Плаќањето со мобилен паричник е поедноставно дури и од плаќањето со платежна картичка и се извршува само со отклучување на мобилниот телефон и негово приближување до ПОС-терминалот. Притоа не е потребна најава во мобилната апликација NLB Pay.

Користењето на NLB Pay мобилниот паричник е без никаков надомест, независно од бројот на НЛБ „мастеркард“ картички кои ќе ги дигитализирате. Една од најдобрите карактеристики е што апликацијата бесплатно се презема од „Гугл плеј стор“ и не мора да одиме во експозитура за да започнеме да го користиме мобилниот паричник.

Што ако немаме интернет во моментот на плаќање?

Со NLB Pay мобилниот паричник можеме да плаќаме дури и кога немаме интернет на телефонот, при што можеме да направиме до 10 трансакции.

Сега сигурно се прашувате колку е безбедно ова плаќање?

Сѐ е во ред, плаќањето со NLB Pay е навистина безбедно.

Апликацијата не може да се користи доколку на телефонот немаме ставено безбедносна заштита за заклучување на телефонот (ПИН, патерн, отпечаток од прст или препознавање на лице). Дури и да го изгубиме телефонот, картичката не може да биде злоупотребена бидејќи телефонот ќе ни биде заклучен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија