Кредити без манипулативни трошоци за одобрување, електронско банкарство без трошоци за плаќања, како и бесплатна Mastercard Business или Visa Business картичка, се поволностите што ги нуди НЛБ Банка за физички и правни лица преку две промотивни кампањи кои стартуваа на почетокот на месецов и важат до 30 септември.
Во рамките на понудата за физички лица, НЛБ Банка воведе нови потрошувачки кредити со поповолни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања, дел од кредитите ќе се одобруваат без манипулативни трошоци.
Промотивната кампања за правни лица им овозможува на сите нови корисници на НЛБ Проклик електронско или НЛБ мПроклик мобилно банкарство да ги вршат сите свои електронски плаќања без трошоци за електронско банкарство до крајот на октомври. Исто така имаат можност да добијат и бесплатна Mastercard Business или Visa Business картичка за првата година на користење.
Повеќе информации за промотивните кампањи за физички и правни лица можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 600 или на веб-страницата:
nlb.mk