X
 10.05.2023 Култура

38 часа неделно - уште една земја од ЕУ ја скратува работната недела

Министерот за вработување на Луксембург, Жорж Енгел, размислува за усвојување 38-часовна работна недела, за земјата да може да остане конкурентна и да продолжи да привлекува странска работна сила која ѝ е потребна.

Пред две недели Министерството за вработување на Луксембург ги доби резултатите од истражувањето за ефектите од намалувањето на работното време, истражување дизајнирано да собере објективни факти.

Енгел вели дека резултатите од истражувањето се двосмислени, но дека треба да се земе предвид пократка работна недела.

Просечната работна недела во Луксембург е 40 часа, а законот дозволува најмногу 48 часа, додека просекот во ЕУ е 37,1 часа.

Продуктивноста нема нужно да се намали со намалување на работните часови, со целосна плата, што значи дека нема да бидат потребни владини субвенции во повеќето сектори.

Оваа мерка би ѝ помогнала на владата да заштеди пари, а многубројните истражувања покажуваат дека поради намалување на работното време, луѓето земаат помалку боледувања, помалку согоруваат и поретко стануваат депресивни, а истовремено се подобрува целокупната состојба.

Промената на законот и понатаму не е на маса, но Енгел вели дека би сакал прво да разговара со неколку компании за да собере податоци за ова прашање.

Луксембург има околу 210.000 работници кои доаѓаат од Белгија, Германија и Франција секој ден и сочинуваат околу 44 отсто од вкупната работна сила. Но, неодамнешното истражување покажува дека земјата ќе мора да привлече уште 270.000 луѓе до 2030 година.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура