X
 10.06.2020 Технологија

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на „Нинтендо“

Јапонскиот гигант за видеоигри „Нинтендо“ призна дека од почетокот на април досега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници.

Хакерите добиле пристап до лични информации, како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички.

- Длабоко се извинуваме што им предизвикавме проблеми и загриженост на нашите клиенти - соопшти компанијата од Кјото и вети дека ќе ја зајакне безбедноста и ќе спречи ова повторно да се случи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија