X
 10.06.2020 Образование

УЈИЕ има две нови студиски програми: Архитектура и дизајн и Претприемништво

Универзитетот на Југоисточна Европа во новата академска 2020/2021 година, покрај постојните програми, одлучи да ја прошири академската понуда со нови студиски програми.

Архитектура и дизајн е најновата програма што им се нуди на студентите во рамките на Факултетот за современи науки и технологии. Од минатата година студиската програма Правна информатика е успешно понудена на Правниот факултет, додека на Факултетот за бизнис и економија годинава ќе биде студиската програма Претприемништво, која се реализира во соработка со бизнис-заедницата.

- Универзитетот на Југоисточна Европа секогаш ја создава својата академска понуда соработувајќи со сите заинтересирани страни и, пред сè, со деловната заедница. Податоците за вработување покажуваат дека над 70% од дипломираните студенти можат да најдат работа во првата година по дипломирањето - истакна ректорот, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети.

- Ние заедно ја создаваме академската понуда со атрактивни програми потребни на пазарот на трудот. Горенаведените податоци покажуваат колку е ефикасно ова. Исто така, нашите студенти постигнуваат успех и се докажуваат каде и да се ангажирани или вработени - вели ректорот Беџети.

Во рамките на академската понуда, за новата академска година многу привлечна е понудата за стипендија, каде што сите матуранти кои постигнале одличен успех во средното училиште (5.00) добиваат целосна стипендија која покрива 60% од школарината. Матурантите што имаат постигнато 4,5 - 4,99 во средното училиште добиваат стипендија од 40%. Финансиски придобивки има и за студентите што се втор и трет член од исто семејство, кои добиваат 15% и 25%, намалување на школарината.

Многу добра и единствена можност на УЈИЕ е програмата „Работа и студии“, каде што ангажираните студенти работат во службите на Универзитетот и добиваат финансиска компензација за часовите на ангажман, која потоа се одзема од школарината.

За новата академска година Универзитетот на Југоисточна Европа ќе понуди вкупно 20 додипломски студиски програми и 27 последипломски програми на 5 факултети.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование