X
 01.12.2020 Економија

Меѓународен форум на креативно културно претприемништво во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ

Концептот на креативно културно претприемништво е во фокус на Меѓународниот форум за креативно културно претприемништво што се одржува на 30 ноември и 1 декември во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ. Форумот претставува настан во два дена во кои ќе се промовира креативното претприемништво, ќе се едуцираат учесниците за креативното претприемништво преку интерактивни работилници и ќе се вмрежуваат учесниците со можност за идни партнерства. Поради околностите предизвикани од Ковид-19, настанот ќе се одржува комбинирано, со физичко и виртуелно присуство преку интернет со снимање со камери и стриминг во живо.

Дводневната програма ја сочинуваат две форум-дискусии, работилница, една сесија на брзи состаноци (“Speed dating“) и две сесии во кои ќе се споделат успешни и добри практики на креативно претприемништво од земјава.

На првиот ден, со почеток во 10:30 часот во хотел „Солун“ во Скопје, ќе се одржи дискусија на тема Креативните индустрии во време на Ковид-19 и важноста на културното креативно претприемништво за земјите од Западен Балкан. Учество на дискусијата ќе земат Нада Пешева, Министерство за култура на С.Македонија, Маја Тасева, Агенција за претприемништво на Р.С. Македонија, Македонка Димитрова, професорка на Лондонскиот метрополитен колеџ во Скопје, Фрик Јанмат, Делегација на ЕУ во Скопје и Николина Стојанова, Центар за развој на претприемачи и менаџери – ЦЕЕД Р.С. Македонија. Настанот ќе се пренесува во живо преку веб-страницата на Форумот, како и на страницата на „Фејсбук“.

Веднаш потоа ќе следува дискусија на тема Европските практики и предизвици во креативните индустрии и културно креативното претприемништво, на која преку онлајн-платформата ќе говорат повеќе странски гости - претставници од партнерската организација КЕА од Брисел за промоција на креативното културно претприемништво и креативната индустрија, но и релевантни експерти кои имаат искуство и продлабочени знаења на темата креативно претприемништво од повеќе земји од соседството и од Европа.

Потоа следува претставување на успешни практики во креативните индустрии од млади претприемачи од земјава. Комбинирано со физичко и онлајн-присуство, на првиот ден ќе се претстават Ивица Димитријевиќ и Јасмина Василева – проект „Хорот“ (Chorus), Ирина Тошева, модна дизајнерка, Стефан Митров, M3DS Академија за 3Д и гејм-дизајн, Марија Димовска, Стартап Македонија, Маја Раванска, проект „Лице в лице“ и Саша Станишиќ, платформа Cinesquare.

Работилницата на КЕА закажана за вториот ден (1 декември) од 11 часот ќе се фокусира на
одржување на креативниот екосистем низ Европа, како и пристап до финансии и креативни бизниси - како да се артикулираат различни извори на финансирање и како да се мешаат јавно и приватно финансирање. Вториот ден од 12:15 часот следува уште една сесија на успешни практики на која ќе се претстават Наум Михајловски, студио Furious Avocado (игра Tie Dye), и Ника Гавровска, издавачка куќа „Гаврош“ и кафе-книжарница.

Преку форумот очекуваме дека ќе се зголеми интересот кај креаторите на политики и останатите клучни засегнати страни за вложување поголеми ресурси и инвестирање во политики и фондови кои би ги поттикнале младите лица кои дејствуваат во областа на културата и креативните индустрии да ги поврзуваат своите ресурси и таленти, а со тоа и директно ќе го применат моделот на креативно претприемништво. Ова ќе влијае директно и во полза на државата при креирање и хармонизација на националните стратегии и акциски планови во насока на културата и економијата.

Форумот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Р. С. Македонија.



Целосна програма:

ПРВ ДЕН
Место: хотел Солун, Скопје
10.00 - 15.30

Поздравно обраќање: УМПАКИ
10.00 - 10.30 Регистрација и добредојде на учесниците
10.30 – 11.30
Форум дискусија: КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ во време на КОВИД-19 и важноста на КУЛТУРНО КРЕАТИВНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО за земјите од Западен Балкан
Говорници:
Нада Пешева, Министерство за култура на С.Македонија
Маја Тасева, Агенција за претприемништво на Р.С. Македонија – физичко присуство
Македонка Димитрова, професорка на Лондонскиот метрополитен колеџ во Скопје
Фрик Јанмат, Делегација на ЕУ во Скопје
Николина Стојанова, Центар за развој на претприемачи и менаџери – ЦЕЕД Р.С. Македонија

11.30 - 12.30
Форум дискусија: Европските практики и предизвици во креативните индустрии и културно креативното претприемништво
Говорници:
Артур Ле Гал, Меѓународен центар за креативни индустрии KEA European Affairs, Белгија
Есмералда Хасани, Институт Adriapol, Албанија
Бесарта Влади, Иницијатива TripleCity, Албанија
Ганчо Колаксазов, Институт за технолошки развој и иновации, Бугарија
Димитар Семков, Институт за технолошки развој и иновации, Бугарија
Дијана Димитрова, Институт за технолошки развој и иновации, Бугарија
Жанета Черпокова, Институт за технолошки развој и иновации, Бугарија
Иван Манојловиќ, Нова Искра, Србија
Оси Луото, EARS - Europe-Asia Roundtable Sessions, Финска
Јоана Чолаку, Романија

12.30 – 13.00
Кафе пауза

13.30 – 14.00
Презентација на УСПЕШНИ ПРАКТИКИ во креативните индустрии од млади претприемачи од земјава и од странство
Говорници:
Ивица Димитријевиќ, Јасмина Василева – проект „Хорот“ (Chorus)
Ирина Тошева, модна дизајнерка
Стефан Митров, M3DS Академија за 3Д и гејм дизајн
Марија Димовска, Стартап Македонија
Маја Раванска, проект „Лице в Лице“
Саша Станишиќ, платформа Cinesquare


ВТОР ДЕН
Место: Целосно онлајн преку веб-страницата на Форумот, како и на страницата на „Фејсбук“.
11.00 – 12.00
РАБОТИЛНИЦА - Ослободување на потенцијалите од креативните индустрии и културно креативното претприемништво
Креативните индустрии и креативното претприемништво - можност за развој на бизнис идеја и можности за финансирање / културно креативното претприемништво како можност за меѓународна соработка
Предавач: Артур Ле Гал, Меѓународен центар за креативни индустрии KEA European Affairs, Белгија

12.00 – 12.15
Пауза

12.15 - 13.00
Презентација на УСПЕШНИ ПРАКТИКИ во креативните индустрии од млади претприемачи од земјава и од странство.
Говорници:

Наум Михајловски, студио Furious Avocado (игра Tie Dye)
Ника Гавровска, издавачка куќа „Гаврош“ и кафе-книжарница

13.00 – 14.00
БРЗИ СОСТАНОЦИ – Претставување на таленти, предизвици и креативни идеи помеѓу учесниците и мапирање на креативни еко-системи

14:00 – 14:30
Заклучоци

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија