Започнувањето сопствен бизнис не е евтино бидејќи со себе носи ризици. Но со вистинската идеја и организација, сопствениот бизнис може да биде поисплатлив од која било друга работа. Цената на започнувањето сопствен бизнис зависи и од локацијата.
Веб-страницата „
Бизнис фајненсинг“ создале мапа за сумите што се потребни за основање бизнис користејќи податоци од Светската банка. На мапата цените се во долари.
Според неа, најскапо е да се основа бизнис во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што се потребни 7.443 долари за да се започне сопствен бизнис. Најевтина земја е Руанда, каде што не се плаќа ништо во првите две години, како и Словенија, каде што се бара само да имате капитал од 7.500 долари.
За споредба, во Италија треба да издвоите 4.914 долари за да започнете сопствен бизнис, што е двојно повеќе од просечната месечна плата во земјата. Во САД започнувањето бизнис чини 725 долари.
Според мапата, во нашата земја основањето бизнис чини 203 долари.
Во земјите од регионот, основањето бизнис чини 28 долари во Хрватска, 49 долари во Косово, 75 долари во Бугарија, 105 долари во Црна Гора, 113 долари во Србија, а 206 во Грција. Во Албанија започнувањето бизнис чини 602 долари, а во Босна и Херцеговина тоа чини 839 долари.
Извор:
Big Think
Фото: Pixabay