На социјалната мрежа „Тик-ток“ каналот наречен „Ментал левел“ ги учи луѓето на трикови што им помагаат да забават и да ги запрат нивните мисли.
Најновото видео на овој канал изненади многумина токму поради неговата ефективност.
- Еве еден трик за умот од џедаите што ќе ви помогне да забавите и на крај целосно да го запрете вашиот ум кога и да посакате. Ќе бидете изненадени од тоа како ќе се чувствувате - се вели во видеото.
Иако звучи премногу добро за да биде вистинито, всушност, станува збор за прилично ефикасен начин за забавување на вашите мисли. Медитацијата е инспирирана од прашање од духовниот учител Екхарт Тол кој бара од луѓето да го забават дишењето и да размислат која би можела да биде нивната следна мисла. Во текот на медитацијата, од слушателите се бара да дишат длабоко, да ја потенцираат нивната следна мисла и да ја пуштат да отпатува.
- Прашајте повторно. Држете се до ова додека не најдете ритам за да го доживеете целосниот ефект - се вели во видеото.
Изненадувачки, оваа едноставна вежба функционира.
Извор:
Ladbible.com
Фото: Screenshot/YouTube