За да го заобиколи проблемот со кој возачите често се среќаваат во зима, еден корисник на „Јутјуб“ решил да тестира различни производи за да открие кои навистина функционираат.
Како што вели, ова е наједноставниот можен трик што можете да го направите за да не се замаглат стаклата на вашиот автомобил. Во зима, кога температурите се спуштаат под нулата, и поради разликата во температурите надвор и внатре во возилото, стаклата на автомобилот се замаглуваат.
За да го спречи ова, тој користел пена за бричење, бебешко масло, компири и гел за раце. Неговиот заклучок бил дека пената за бричење најдобро функционира и може да ви помогне да го решите овој проблем.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik