Патеки со соларни панели наскоро би можеле да ги напојуваат нашите домаќинства со чиста електрична енергија благодарение на стартап од Будимпешта
Во последните пет години стартапот „Платио Солар“ развива нови начини за примена на соларната технологија во урбаните простори, а еден од нивните последни проекти е станбена соларна плоча на патеките направена од рециклирани пластични шишиња.
Според видеото што компанијата го објави минатата недела, соларниот систем е првиот што ќе произведува енергија од тротоарот за домаќинствата.
Секоја патека наречена „Платио Солар пејвер“ е направена од 400 шишиња од полиетилен терефталат (PET) - една од најчестите форми на потрошувачка пластика. Компресиран во патеки, материјалот станува потраен од бетонот, а не лизга и е одржлив.
Системот може да се користи за производство на електрична енергија за домаќинство или за
напојување на електрични автомобили. Според веб-страницата на компанијата, патека од 20 квадрати метри има капацитет да ја покрие годишната потрошувачка на електрична енергија на едно просечно домаќинство.
Извор:
Good News Network
Фото:
Platio Solar