Научниците покажаа дека дизајнот на нивниот 3Д метамеријал е првата структура од тој вид која ја достигнува теоретската граница за цврстина.
Материјалот наречен „
Исомакс“, е цврста површина базирана на повторувачка формација на геометриски формирани ќелии. Ваквата структура е пример за она што се нарекува хетероген материјал, изработен од различни компоненти. Иако „Исомакс“ е претежно воздух и празен простор, сепак е најцврстиот композит некогаш дизајниран.
Неговите креатори преку пресметувања покажале дека оваа структура ги достигнува границите на еластична цврстина.
Материјалот уште не е пуштен во производство, но според истражувачите е отпорен на сили на уништување, а формата обезбедува стабилност.
Следниот чекор на тимот е да го истражува потенцијалот на овој материјал. Ќе се спроведуваат лабораториски тестови, а ќе се испитуваат и можностите за овој материјал да се произведува во поголеми количини, како и која би била неговата намена.
Откритијата се објавени во „
Nature“.