Сите 12 момчиња, кои повеќе од две недели беа заглавени во тајландската пештера Там Лунаг, се извадени на безбедно. Во пештерата останаа само четирите „жаби“ - тоа се лекар и тројца припадници на морнарските „Фоки“ кои ги поддржуваа момчињата.
Спасувачката мисија траеше три дена. Во неделата беа извадени четири, вчера уште четири и денес останатите четири момчиња и тренерот.
Целиот свет со нетрпение го очекуваше овој момент и сите со радост ја споделуваа веста.
Децата беа заглавени во пештерата од 23 јуни, кога излезот им бил блокиран од поплавите предизвикани од монсунските
дождови.