Спасувањето: 13 меѓународни нуркачи и 5 тајландски „фоки“ го започнаа тешкиот процес на спасување на 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер.
Долг процес: Момчињата ќе бидат земени едно по едно, во операција што би можела да трае со денови, вели локалната власт.
Прогноза за силен дожд: Спасувачите беа принудени да дејствуваат пред доаѓањето на поројниот дожд.
15 дена: Толку време момчињата се наоѓаат во пештерата.
Фото: CNN
На фотографијата погоре е прикажано каде се наоѓаат момчињата во пештерата и колкав предизвик е оваа операција за спасување.
Момчињата се околу четири километри во внатрешноста на пештерата, од главниот влез.
„Фоките“ поставиле подземен команден центар во Комората 3, што е околу на половина пат од влезот на пештерата до местото каде што се наоѓаат момчињата, меѓутоа потребно е доста искуство во нуркање за да се реализира ова патување.
Со оглед на ослабената состојба на тинејџерите и нивното неискуство,
спасувањето ќе биде долго и комплицирано.