X
 10.07.2018 Живот

Холивудски продуценти веќе подготвуваат филм за тајландските деца

„Ова ќе биде одличен филм еден ден“. Ова е чувство кое преовладуваше во светот додека милиони луѓе го чекаа спасувањето на 12-те тајландски момчиња и нивниот тренер, кои повеќе од две недели беа заглавени во пештерата Там Луанг. Но, за холивудските продуценти нема време за губење и тој „еден ден“ можеби е баш сега.

Уште пред да бидат извлечени сите деца од пештерата, на местото на настанот пристигнаа холивудски продуценти, кои осмислуваа филм за момчињата и нивниот тренер.

Мајкл Скот, кој е извршен директор на студиото „Пјур Фликс“ и копродуцентот Адам Смит веќе правеа прелиминарни интервјуа во близина на пештерата. Тие планираат да однесат и сценарист и да разговараат со клучните играчи од тимот меѓународни спасувачи, како и со тајландските „Фоки“, жртвите и нивните фамилии и да побараат ексклузивни права на нивните стории.

Зарашан дали нивните постапки ќе се сметаат за бесчувствителни, Смит рече дека во Тајланд ќе одат и други продукциски куќи, па мора да се дејствува брзо.

Фото: News.com.au

Во меѓувреме, тајландскиот премиер истакна дека има планови за имплементација на дополнителни безбедносни мерки кај сега веќе светски познатата пештера за да се заштитат туристите кои сакаат да го посетат местото.

-Во иднина ќе мораме да го набљудуваме влезот и излезот од пештерата. Оваа пештера стана светски позната и мораме да поставиме повеќе светилки внатре и да ставиме знаци - истакна Пеајут Чан-оча.

Тој додаде дека тоа е опасна пештера и дека истата ќе биде затворена за јавноста додека се не се стави во ред.

Минатата недела, тајландските власти задолжени за туризмот истакнаа дека планираат да ја промовираат пештерата како туристичка атракција.

Според известувањата од медиумите, досега од пештерата се извлечени 11 деца.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот