X
 10.07.2020 Култура

Oваа библиотека има генијален план за сите да добиваат книги за време на пандемијата

Библиотеката „Лафајет“ била затворена за јавноста по појавата на пандемијата, но персоналот сакал заедницата и понатаму да има пристап до книгите.

Поради тоа, секоја недела персоналот на библиотеката шетал низ градот, пополнувајќи ги мини-библиотеките создадени токму од оваа библиотека за луѓето бесплатно да добиваат нови книги.

- Кога се појави пандемијата, стана јасно дека програмата за летно читање на библиотеката нема да може да се реализира на вообичаен начин. Нашата програма е за поттикнување рекреативно читање, читање за задоволство во текот на летните месеци - вели директорката на библиотеката, Мелиса Хисел.

Таа вели дека програмата овозможува да им се подарат на децата и тинејџерите повеќе од 6.000 книги на англиски и шпански јазик.

- Овие книги се 100 отсто купени со донаторски средства од Фондацијата на библиотеката „Пријатели“ - вели Хисел.

knigi
Фото: Dominique Burns

Иако библиотеката може да ги зачува книгите за програмата за наредното лето, сепак, персоналот сакал да ја постигне својата цел и жителите на градот да добијат висок квалитет на книги, пополнувајќи ги мини-библиотеките во градот.

- Почнавме со три мали библиотеки што ги спонзорира Лафајет, но наскоро додадовме и други маалски библиотеки - вели директорката.

Таа додава дека вработените натовариле велосипед и со него секоја недела ги пополнувале мини-библиотеките низ градот.

Извор: Coloradohometownweekly.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура