Европските земји сè повеќе и повеќе ја користат обновливата енергија. Од вкупната енергија која се користи во ЕУ, 16.8% доаѓа од обновливите извори.
Земјата со највисок процент на обновлива енергија во 2015 година беше Исланд, со неверојатни 70% енергија од обновливи извори.
Норвешка и Шведска се на второ место со 69.4% и 53.9%. Црна Гора пак има 43.1%, што е за 10 поени повеќе од нивниот таргет до 2020 година.
Последните пет земји, кои користат најмал процент на обновлив извор на енергија се Луксембург и Малта со 5%, Холандија со 5.8%, Белгија со 7.9% и Велика Британија со 8.2%. Македонија се наоѓа некаде во средината со 19.90% енергија од обновливи извори.
Данска беше земјата која направи најголем скок во 11 години, помеѓу 2004 и 2015 година во однос на донесување на обновливи извори на енергија.
Од 14.9% се искачија на 30.8% и веќе ја достигнаа нивната цел за 2020 година. Турција всушност направи чекор назад - од 16.2% падна на 13.6%.
Земјите кои се најблиску до исполнување на нивните цели
Црна Гора ја
надмина нивната цел за 10%, најголемо остварување на континентот.
Македонија (8.1%) заедно со Холандија (8.2%), Франција (7.8%) и Ирска (6.8%) се најде меѓу последните 5 кои не успеале да ја реализираат нивната цел.